
Мајкл Џеј Фокс ја изненади Вупи Голдберг откривајќи дека ја одбил улогата во познатиот филм „Дух“ во кој и таа играше.
Да потсетиме, во оваа продукција глумеа Патрик Свејзи и Деми Мур, поточно парот Сем и Моли чија романса пропаѓа кога тој е убиен како дел од криминален заговор.
Сем останува на Земјата како дух и се обидува да ја заштити Моли од бунтовниците со помош на лажен јасновидец која ја игра оскаровката Вупи.
За време на појавувањето на The View, Мајкл Џеј Фокс, кој е роден речиси една деценија подоцна од Патрик, рече дека го побарале за филмот „Дух“.
„Имаше шанса да работам со тебе што ја пропуштив“, ѝ кажа Мајкл на Вупи.
Актерот додаде дека кога му била претставена идејата за филмот, рекол: „Никогаш нема да успее“.
Мајкл, кој стана голема филмска ѕвезда во 1980-тите, рече дека филмот „Дух“ „беше одличен, а јас бев идиот што го одбив“, пренесува Daily Mail.