“Бевме добри, бевме златни. Бевме сон што не можеше да се продаде, бевме вистински, додека не престанавме да бидеме”, пее Мајли Сајрус во новата песна со симболично име “Flowers”. Мајли вели дека може сама да си купи цвеќе, може да танцува и сама да се држи за раце, односно – среќата ја нашла во самотија, откако го раскинала бракот со актерот Лиам Хемсворт.
Видеото е снимено на улиците на Холивуд и во раскошен замок – во кој таа носи парчиња како златен фустан со качулка, црна долна облека и скроен смокинг што го носеше со голи гради – и изгледа подобро од било кога. „Изградивме дом и го гледавме како гори“, е исто така еден од стиховите со кои музичарката се осврнува на нивната заедничка куќа во Малибу, која изгоре во 2018 година во серијата шумски пожари што го опустошија брегот. Мајли ја објави песната на 13 јануари, на 33-от роденден на Хемсворт. За еден ден собра повеќе од 16 милиони прегледи и доби позитивни критики од публиката на YouTube.
Мајли и Лијам беа заедно цела деценија, со чести паузи и помирувања. Тие се запознаа во 2009 година и започнаа романса, двапати се верија, а венчавката се случила во декември 2018 година. Само една година подоцна, во август, објавија дека се разделуваат, по што никогаш не ја обновија врската.