Меган и Хари реагираа на епизодата од „South Park“ каде беа исмејувани: Познато е и дали ќе го тужат цртанот

popara23 февруари, 20231min00
hari-megan-south-park-830x0

Принцот Хари и Меган Маркл конечно реагираа на епизодата од серијата „South Park“ во која беа безмилосно исмејувани, а се по информациите во медиумите дека војвотката била „вознемирена и воодушевена“ од нивното неласкаво прикажување.

Сатиричниот цртан филм започна серија напади на парот во една епизода од шоуто, насловена „The Worldwide Privacy Tour“ и прикажуваше дека парот започнува со рекламен трик за промоција на новата книга на принцот, „Waaagh“.

По емитувањето на шоуто, се појавија извештаи дека Меган била „вознемирена и воодушевена“ од помалку ласкавата слика на парот – додека еден кралски коментатор тврдел дека адвокатите на двојката „ја ѕирнале“ анимираната серија, пренесува Daily Mail.

Сепак, портпаролот на Хари (38) и неговата сопруга сега ги критикуваа шпекулациите дека планираат да го тужат South Park поради сатиричната епизода, нарекувајќи ги гласините „досадни и неосновани“ во изјава за Newsweek.

Американскиот кралска коментаторка Кристен Мајнцер рече дека е лесно да се види зошто парот не презема правни мерки.

“Се сомневам дека Меган и Хари ќе тужат сатиричен цртан филм кој славно ги исмева сите. Ако ништо друго, тие ќе знаат дека се во добро друштво со други пристојни луѓе кои шоуто ги “уништи”… Никогаш не било ( „South Park“) бастион со добар вкус, и беше апсолутно навредлив, но повторно, тоа е исто така цртан филм, а не вести – и тешко дека Хари и Меган ќе го однесат цртаниот филм на суд“, рече кралската коментаторка Кристен Мајнцер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma