
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл се појави на доделувањето на наградите „Women of Vision“ во Њујорк, каде ја воодушеви публиката со своето модно издание.
Хари за оваа пригода избра класичен црн костум, а според снимките изгледа гордо додека неговата сопруга ја примила наградата таа вечер.
Златниот фустан привлече големо внимание
Меган зрачеше – избра златен фустан дизајниран од Јохана Ортиз. Овој врвен фустан беше без ракави, ја следеше линијата на нејзиното тело и го привлече целото внимание кон неа.
За да ја комплетира таа комбинација Меган носеше златна плик чанта од „Carolina Herrera“која чини повеќе од 1.000 евра, како и едноставни сандали „Tom Ford“ кои чинат 1.240 евра.
На крај, Меган додаде дијамантска нараквица „Cartier“ која некогаш и припаѓала на принцезата Дијана.
Бидејќи ова беше нејзино прво официјално појавување по крунисувањето на кралот Чарлс Трети, а многумина веруваат дека Меган со златниот фустан испратила силна порака до кралското семејство.
Златната боја често се поврзува со благосостојба, мудрост, љубов, концентрација, сила, оптимизам и пријателство.