Меган Маркл го прослави 42-от роденден: Прв пат видена со принцот Хари по гласините за развод (ФОТО)

popara4 август, 20231min00
9bd27e95ab35b2bf968e973c072881af97e9899d

Хари и Меган уживаа во синоќешното излегување во Монтесито за да го прослават роденденот на војвотката. Ова беше прв пат парот да се појави заедно во јавноста по неколку месеци и по разни гласини за нивниот однос во иднина.

Тие беа фотографирани расположени и насмеани додека излегуваа од италијански ресторан.

Меган, која денес полни 42 години, изгледаше гламурозно во црно-бел фустан без прерамки, со едноставни рамни сандали на стапалата. Принцот ја следеше во сина ленена кошула и бели панталони и беше многу елегантен.

Двојката се соочува со поголеми „шпекулации“ за нивната иднина во Холивуд откако нивниот договор со аудио гигантот „Spotify“ беше раскинат.

Screenshot 2023-08-04 134034
Screenshot 2023-08-04 134052

Тие беа опкружени и со гласини за наводен развод во последните месеци, но еден од нивните блиски пријатели сега одлучи да стави крај на тоа.

– Не е вистина, буквално е измислено – изјави за „Page Six“ близок пријател на парот.

Војводата и војвотката од Сасекс се венчаа во замокот Виндзор во 2018 година опкружени со блиски пријатели и семејството. Тие имаат две деца – принцот Арчи и принцезата Лилибет.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag