Судејќи според нејзиниот Инстаграм, Меган Фокс навестува раскинување
Меган и раперот Машин Ган Кели се запознале на снимањето на еден трилер, а се верија на почетокот на 2022 година. Актерката сега набрзина ги избриша сите заеднички фотографии од социјалната мрежа Инстаграм, вклучувајќи ја и објавата со која ја објавија нивната свршувачка во јануари минатата година.
Актерката објави и серија фотографии, а на последната се гледа како пали писмо, па се поставува прашањето дали сето тоа го симболизира крајот на врската, односно веридбата.
Да се потсетиме, Меган претходно беше во брак со актерот Брајан Остин Грин, со кој има три сина. Тие беа во брак од 2010 година, а официјално се разведоа во 2021 година. Актерката се запознала со музичарот Машин додека снимале филм во март 2020 година. Меган тогаш беше во брак со актерот Брајан Остин Грин. Два месеци подоцна, сегашните (или поранешните) вереници беа забележани заедно сред гласините за развод од познатиот актер од Беверли Хилс.
Брајан тогаш потврди дека тој и Меган го прекинале бракот по 10 години и објасни дека не биле заедно од крајот на 2019 година и дека тој не бил изневерен, туку бракот завршил порано.