Американската актерка Меган Фокс објави поетска книга „Убавите момчиња се токсични“во која зборува за траумите кои се вкорениле во неа поради – тишината.
Објавувањето на збирка поезија вообичаено не е главната вест во светот на шоу-бизнисот,но не и овој пат кога холивудската акциона ѕвезда,37-годишната американска актерка Меган Фокс,ја објавува својата дебитантска книга.Кога пред две децении се појави на големото платно,благодарение на нејзината неверојатна фигура и заразна сексипилност,на Меган Фокс и се предвидуваше блескава кариера како актерска суперѕвезда,која никогаш не ја реализираше целосно.А една од главните причини за тоа може да се најде во насловот на нејзината книга„Pretty Boys Are Poisonous“ чија корица е украсена со илустрација на женски усни и змија.Ја објави угледната издавачка куќа Simon & Schuster,која во официјалното соопштение ја наслови книгата како „моќното деби на една од најпознатите жени на нашето време”.Содржи седумдесет мрачни песни кои ги кршат срцата на читателите,но воодушеви и со злобната смисла за хумор на авторот.
Каснете го јаболкото,свртете ја страницата и потонете ги забите во највкусната и најзаразната поетска книга што ќе ја прочитате оваа година“,вели издавачот,а Меган Фокс додала дека се фрлила во убавата литература за да ги артикулира траумите што влегле до корен во неа.
„Цел живот чував тајни за мажите со кои бев во врска и телото ме боли од тежината што ја носам со себе.Повторно ја најдов својата слобода на овие страници и се надевам дека моите зборови ќе ги инспирираат другите да повторно да ја побараат сопствената среќа и да фрлат светлина на мрачните тајни закопани длабоко во душата“, изјавила Меган Фокс,чија љубовна хронологија вклучува само шест имиња.А клучни мажи во нејзиниот живот се нејзиниот поранешен сопруг,актерот Брајан Остин Грин,со кого беше во врска 16 години и има три деца,и нејзиниот сегашен вереник Колсон Бејкер,попознат по неговото уметничко име Machine Gun Kelly.
Меган Фокс не споменува никого по име во книгата,но нејзината поезија дефинитивно е посветена на вистински луѓе и настани. Главен лик на нејзините песни се чини дека е нејзиниот сегашен вереник,со кој помина низ многу подеми и падови од мај 2020 година.Таа го опишува како „32-годишен нарцис“,„вистинска љубов,двоен пламен“,„болно убаво момче“,„зависност што нема да ја излечиме со молитви“ и „задоволна рок-ѕвезда која само се преправа дека има добри намери“.
А особено потресна е нејзината интимна песна во која го опишува чувството на тага поради абортусот што решила да го направи: „Сега треба да се збогуваме.Со затворени очи замислувам дека те држам цврсто за гради додека ми се откина од утробата.Ќе платам каква било цена,кажи,те молам,каков е откупот за нејзината душа“,ги подгреа шпекулациите за настанот што Кели го спомна во неговата песна „Twin Flame“ минатата година и рече на музичките награди Bilboard дека ја посветил на својата партнерка и нивното неродено дете .
“Врските не се убави.Тие се грди.Понекогаш се претвораат во војнаНо,секоја рана е можност да пораснеме и да станеме посилна,покомплетна верзија од себе”,напишала Меган,која по нејзината улога во четвртиот дел од акциониот филмот „Платеници“ ќе ја гледаме во главната улога во филмот „Покорност“ на почетокот на следната година.