Откако сестрите Ким Кардашијан и Кајли Џенер веќе имаа свое место на насловната страница на престижниот магазин, сега манекенката ја доби шансата благодарение на успехот на нејзиниот бренд текила.Познатата претприемачка и манекенка Кендал Џенер се најде на специјалната насловна страница на магазинот Форбс,кој ги претставува 30-те најуспешни луѓе до 30 години (30 под 30 години).Покрај манекенството, 28-годишната девојка од 2021 година води и сопствен бренд текила,па сега нејзиното богатство се проценува на 60 милиони долари.
View this post on Instagram
Во интервјуто Кендал објасни дека е многу внимателна кога се во прашање деловните одлуки. „Не сакам да правам ништо што не се согласува со моите морални вредности и чувства“, рече претприемачката чија мајка Крис сè уште е менаџер,барем кога станува збор за модниот бизнис.„Има интересни моменти во нашата врска,понекогаш се караме за нешто,а потоа одеднаш таа само ме прашува како ми бил денот затоа што сепак таа е моја мајка“, изјавила членката на кланот Кардашијан – Џенер.
View this post on Instagram
Сепак,се чини дека нејзиниот изглед и овој пат нема да биде без контроверзии.Имено,таа веќе наиде на критики на социјалните мрежи.Повеќето луѓе мислат дека не е во ред некој кој веќе има богато семејство да добие место на насловната страница.