МЕД ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ Дочекајте го летото спремни и задоволни

popara23 мај, 20231min00
528242_x39507_f

Со убавите сончеви денови, повеќето жени ја започнуваат битката со вишоците на телото.

Многу од нив веќе се на средина на третман за слабеење и елиминација на целулитот, а некои се уште бараат едноставно и ефикасно решение. Нов рецепт кој го обиколи интернетот доаѓа од дерматологот д-р Наталија Робинсон, која откри домашна маска која ја зајакнува циркулацијата и го подобрува протокот на лимфата.

– Потребни ви се мед, сода бикарбона и вода. Тајната се крие во медот бидејќи има моќ да ја детоксицира и „испегла“ кожата и на тој начин да ја намали видливоста на целулитот – објасни доктор Робинсон.

Како се прави маската?

Измешајте една лажица мед, една лажица сода бикарбона и додадете малку вода, за да добиете фина смеса која може убаво да се размачкува.

Како се користи?

Нанесете ја маската со прстите на критичните места и масирајте ја кожата, за да апсорбира што повеќе хранливи материи. После тоа, прво исплакнете ја кожата со топла, а потоа со ладна вода за да се стимулира циркулацијата.

Робинсон посочува дека секоја жена, без разлика на возраста, штом реши да се посвети на елиминирање на целулитот, во исто време треба да престане да јаде нездрава храна и да пие многу повеќе вода од вообичаено, и секојдневно да шета.

Таа предлага и рачна масажа дома во три фази.

Започнете ја масажата со штипкање. Со прстите можете исто толку лесно да штипкате помали површини како и поголеми, а поентата е да ја стимулирате циркулацијата. Насобраните токсини потоа се отстрануваат полесно.

За успешно преминување во следната фаза, важно е да ги опуштите мускулите под делот што го масирате. Фатете ја кожата со двете раце и правете движења како да седите крпа. Овој метод се покажал особено успешен за бутовите и колковите.

Овој дел бара најголема сила. Потребно е со дланките, како да месите тесто, да ги гмечите подрачјата погодени од целулит. Колку е посилен притисокот, толку подобро се разбиваат масните наслаги, но тајната е во тоа што не смеете да претерувате, туку самите да препознаете која е вистинската мерка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag