Мека кора со едноставен фил: Посни ледени коцки (РЕЦЕПТ)

popara13 јануари, 20231min00
kolac-ledene-kocke-2048x1358

Одличен десерт за љубителите на десерти

Состојки:

За кората:

околу 350 гр брашно

1 чаша шеќер

2 лажици какао

1 лажичка сода бикарбона

1 лажичка цимет

300 мл вода

300 мл масло

5 лажици мед

За сирупот:

200 мл вода

80 гр шеќер

За филот:

1,5 л растително млеко

10 лажици шеќер

15 лажици густин

370 гр маргарин

За глазурата:

200 гр посно чоколадо

4 лажици масло

Подготовка:

Кора

Измешајте ги брашното, шеќерот, какаото, сода бикарбоната и циметот. Добро измешајте, па додадете ги водата, маслото и медот. Промешајте да се соединат добро сите состојки. Истурете во тавче обложено со хартија за печење. Печете на 180°C околу половина час. Оставете ја кората да се излади, а во меѓувреме подгответе го сирупот. Водата и шеќерот измешајте ги и кога ќе зоврие оставете да се излади неколку минути и со топлиот сируп прелијте ја изладената кора.

Фил

Во млекото (1 л) додадете го шеќерот и оставете да зоврие, а згуснатата смеса истурете ја во преостанатото млеко и убаво измешајте да не останат грутчиња. Потоа истурете го во провриеното млеко со шеќер. Варете додека не се згусне со постојано мешање. Тргнете од шпорет, покријте со проѕирна фолија и оставете да се излади на собна температура. Маргаринот изматете го на собна температура, па постепено додадете го во изладениот фил и соединете со миксер. Распоредете го преку кората.

Глазура

Чоколадото растопете го со масло, па прелијте го врз филот. Ставете во фрижидер да се стегне. Можете да украсите со какао.

Пријатно!