Мафините се секогаш добра идеја, бидејќи брзо се подготвуваат. Доволно е само да ја направите смесата, да ја истурите во калапи и да ја ставите да се пече.
Денес ви ја пренесуваме најбрзата варијанта на мафини со само 3 состојки, кои се совршен избор за ужина, вечера или појадок.
Состојки:
6 јајца
360 гр свежо сирење
300 гр печени пиперки
Подготовка:
Во поголем сад изматете ги јајцата и измешајте ги со сирењето додека не се соединат.
Ако користите пиперки од тегла, прво исцедете ги и исушете ги со кујнска крпа. Се сечат на тенки ленти и се мешаат во смесата со јајца.
Смесата поделете ја во калапи за мафини и печете на 200 степени 16-18 минути додека не поруменат.