Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните: На церемонијата го донесе и семејството, синот е ист како малиот Кевин

popara2 декември, 20231min00
tan2023-12-01223121975-830x0 (1)

Актерот Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

На церемонијата на 1 декември 2023 година се појави и Кетрин О’Хара, која ја глумеше мајката на славниот Кевин од комедијата „Сам дома“.

– „Сам дома“ беше и секогаш ќе биде омилена светска сензација. Во семејствата ширум светот не може да помине една година без да го погледнат тој филм, а за тоа е „виновен“ Маколеј Калкин – рече О’Хара во своето излагање и додаде:

– Знам дека работеше напорно, но успеа да направиш глумата да изгледа како најприродната работа – изјавила меѓу другото познатата актерка во емотивниот говор.

Покрај О’Хара, Калкин ја воодушеви публиката на церемонијата кога прошета со членовите на своето семејство.

Актерот ја претстави својата вереница Бренда Сонг, со која е во врска околу 5 години, нивниот син Дакота, кој има само две години и веќе неверојатно личи на својот татко. Во публиката беше и нивниот втор син Карсон, чие раѓање беше објавено во март оваа година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag