Мемоарите на Бритни Спирс продадени во 1,1 милион примероци во првата недела

popara2 ноември, 20231min00
profimedia-0768095867-830x0

Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс „Жената во мене“ (The Woman in Me) се продадени во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето.

„Во мемоарите ги влеав срцето и душата и благодарна сум на многубројните фанови и читатели ширум светот за нивната непоколеблива поддршка“, рече меѓу другото Спирс во изјавата за една книжарница.

Податоците за продадените копии вклучуваат однапред нарачани книги, печатени копии, аудио книги и е-книги, според АП.

Нејзините мемоари беа поздравени од критичарите како привлечна приказна за нејзиниот пораст до глобална слава и неволјите што ја стигнаа, особено како резултат на старателството кое со години му даваше на нејзиниот татко контрола над поголемиот дел од нејзиниот живот.

И покрај тоа, „The Woman in Me“ не беше најпродаваната книга во првата недела од објавувањето во САД, бидејќи мемоарите на британскиот принц Хари „Spare“ беа продадени во 1,6 милиони примероци во првата недела.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma