Менаџерот на Софија Лорен откри како таа се чувствува по падот: Еве како тече нејзиното опоравување

popara9 октомври, 20231min00
tan2020-9-1413457351-830x0

Софија Лорен (89) итно беше оперирана откако пред неколку недели се здоби со неколку скршеници.

Таа се повредила паѓајќи во нејзиниот дом во Швајцарија, во бањата.

Според извор близок до актерката, постои „внимателен оптимизам за исходот од операцијата и за закрепнувањето на Софија“, што ќе вклучува кратко опоравување во болница, по што ќе следи долга рехабилитација.

Менаџерот на холивудската икона, Карло Џусти, неодамна објасни дека актерката се чувствува добро по неодамнешниот пад во кој го скрши колкот и уште неколку коски.

Сè се случило во нејзиниот дом во Женева на 24 септември. Џуисти тврди дека закрепнувањето ќе потрае малку подолго.

– Се е во ред, но ѝ требаат барем неколку месеци рехабилитација – изјави тој за People.

Инаку, веста за падот на Софија Лорен беше откриена кога беше објавено дека таа нема да се појави на отворањето на ресторан во Бари на 26 септември. Тоа е 4-ти ресторан по ред кој ќе го носи нејзиното име, а актерката требаше да ја добие титулата почесен граѓанин на градот, но во моментов ѝ се откажани сите ангажмани.

Софија е придружувана од нејзините синови Карло и Едоардо, кои го режираат и нејзиниот последен долгометражен филм, проектот на Нетфликс „The Life Ahead“ од 2020 година, кој и ја донесе наградата Дејвид ди Донатело за најдобра женска улога.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma