Актерката Мерил Стрип се појави на доделувањето на наградите „Princesa de Asturias“ во Овиедо, каде учествуваше во разговор со студенти на настанот „Meryl’s Decisions“.
Мерил реши да се појави во многу интересна облека, која благодарение на силниот контраст отстапува од класичниот избор.
Црните панталони, кои доаѓаат во комплет со кошулата, се испреплетени со големи, црвени листови.
Оваа комбинација со порцеланскиот тен на убавата актерка дополнително го привлекува вниманието на нејзиниот изглед.
Косата ѝ е едноставна и исправена и ја сведе на минимум шминката.
На сцената прошета во црни, кратки чизми, кои одговараа на стилот на комбинацијата.