![profimedia-0186088325-830x0](https://popara.mk/wp-content/uploads/2023/10/profimedia-0186088325-830x0-1-e1697964064828.jpg)
Познатата актерка Мерил Стрип објави дека се разделува од сопругот Дон Гамер, со кој беше во брак четириесет и пет години.
Врската меѓу Мерил и Дон (76) се искомплицирала, а како што се наведува во соопштението, тие не живеат заедно цели 6 години.
Двојката објави дека официјално се разведуваат, по неколку години разделба, потврди претставникот на актерката за „Page Six“.
– Дон Гејмер и Мерил Стрип се разделени шест години. И додека секогаш ќе се грижат еден за друг, решија да се разделат – се наведува во соопштението.
Актерката и скулпторот се венчаа во 1978 година и заедно добија четири деца: Хенри (43), Мами (40), Грејс (37) и Луиза (32), како и пет внуци.
Последното појавување во јавноста како пар беше во 2018 година на Оскарите. Нивната љубовна приказна датира неколку децении наназад, а Гејмер присуствуваше на првите Оскари со Мерил, како младенци.