Прославениот оскаровец Метју Меконахи минатиот викенд наполни 54 години, а по тој повод неговиот најстар син Леви на социјалните мрежи му испрати трогателна честитка која никого не остави рамнодушен. Наследникот на холивудската миленичка и бразилска манекенка Камила Алвеш воодушеви стотици илјади обожаватели со досега невидени семејни фотографии, а откри и некои многу лични детали за славниот актер.
Метју Меконахи,прославениот оскаровец и холивудски миленик,и ѕвездата од филмовите „Волкот од Волстрит“,„Меѓуѕвездена“ и „Како да се ослободите од момче за 10 дена“,на 4 ноември го прослави својот 54-ти роденден и неговиот 15-годишен син Леви јавно му честитаа на социјалните мрежи.
Најстариот син на Метју Меконахи и манекенката Камила Алвес му посвети трогателна објава на својот татко пропратена со ретки семејни фотографии.
View this post on Instagram
„Луѓето го знаат Метју Меконахи како актер, а сега и писател, но јас го знам како татко.Човек кој секогаш наоѓа време за нас, без разлика на се, човек кој е секогаш тука за нас и човек кој ме научи да го ценам патувањето,а не само дестинацијата.Патувањата допрва почнуваат.Среќен роденден, тато!“, изјави 15-годишното момче со приватни фотографии од семејниот албум, а објавата брзо собра половина милион лајкови.
View this post on Instagram
Метју Меконахи е и креативен директор на бурбонот Wild Turkey,а исто така создаде и сопствено виски Longbranch.