Секој го има ова во својата кујна и често го користи, но не на овој начин…
Здравјето на црниот дроб е многу важно бидејќи овој орган е чистач на целиот организам, поради што е важно да биде чист, а брзата храна, прекумерната количина на газирани и алкохолни пијалоци го оптоварува овој орган.
За да го детоксицирате, обидете се да се храните здраво, да пиете најмалку два литри вода дневно и да користите некои од овие пијалоци за чистење на црниот дроб.
Освежителен еликсир
Измешајте 1/2 исцеден лимон, прстофат бибер, 1 јаболко и излупена средна краставица. Измешајте ги сите состојки во блендер додека не добиете каша или смути, а потоа пијте го пијалокот свеж еднаш дневно пред ручек.
Зелен чај со арома на цитрус
Во блендер измешајте сок од половина лимон, една банана и шолја разладен зелен чај и ќе добиете напиток со пријатен вкус, но и со исклучително здрави ефекти. Состојките ќе помогнат за детоксикација на телото, зајакнување на имунитетот и внесување на антиоксиданси во телото.
Напиток за чистење на црниот дроб од куркума
Сокот од 1 лимон измешајте го со 300 мл вода, истурете една лажичка рендан ѓумбир, а потоа 1/4 лажичка од лековитиот зачин куркума. Куркумата е исклучително лековита и со векови се користи во Индија како антиинфламаторно средство и може да помогне при детоксикација.