МЕ ТЕПАШЕ СО РЕМЕН, ПА ВРЕСКАШЕ! АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР СЕ СООЧУВАЛ СО СТРАШНА ТОРТУРА: Животот со татко тиранин оставил последици!

popara8 јуни, 20231min00
Screenshot_4

Познатиот актер Арнолд Шварценегер во новиот документарен филм „Arnold“, отворено прозборе за злоставувањето што го претрпел во детството од неговиот татко, пренесува „Инсајдер“.

 

 

 

 

Во документарниот филм на „Netflix“, актерот раскажува за неговиот живот како спортист, актер и политичар. Во првата епизода, тој се присетува на тешкото детство поминато во селото Тал, Австрија, кое го поминал заедно со неговиот брат Мејнард.

 

Густав, таткото на Шварценегер бил одликуван нацистички војник, кој учествувал во опсадата кај Ленинград. Како што тврди актерот, сите фрустрации и доживеаниот стрес по Втората светска војна, Густав ги насочил кон него и неговиот брат. По војната, тој продолжил да работи како началник на локалната полиција.

 

Опишувајќи го својот татко како тиранин и многу строг полицаец, Шварценегер раскажува за деновите кога тој и Мејнард требале да го „заработат“ појадокот и постојано да се натпреваруваат меѓусебно.

 

„Постоеше еден вид шизофрено однесување кај татко ми, на кое бевме сведоци со мојот брат . Некогаш беше љубезен татко, но честопати доаѓаше дома пијан и викаше“, вели актерот.

 

Актерот продолжил да објаснува како неговиот пијан татко постојано им удирал шлаканици и ги тепал со каиш. А, семејството секојдневно било во страв и под притисок поради агресивното однесување на Густав. Мајката не успевала да ги заштити своите деца од бруталните напади, па најчесто се фокусирала на опсесивно чистење на домот.

 

Физичкото и психичко злоставување за Шварценегер било повод да ја напушти Австрија, па во 1968 година, на само 21 година се сели во Америка.

 

Животот на неговиот брат Мејнард, за жал завршува трагично. Возејќи пијан, го губи животот во сообраќајна несреќа. За овој немил настан и тешкиот живот на неговиот брат, Шварценегер го обвинува својот татко и .

 

„Бруталноста што се случуваше дома, тепањата и злоставувањето, мислам дека тој не можеше да ги издржи. Тој по природа беше многу понежна личност.“, вели актерот.

 

Инаку, таткото на браќата Шварценегер починал од мозочен удар во 1972 година, а нивната мајка живеела до 1998 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag