Микро дом-нов производ на Триглав Осигурување

popara22 ноември, 20231min00
triglav-logo-1

Триглав Осигурување воведе нов производ за осигурување на дом, Микро дом, кој што клиентите можат да го користат додека се на патување во странство.Микро осигурувањето на дом се склучува во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување.

Микро дом овозможува заштита на домот од штетни настани, кои што можат да се случат како последица од кражба или пожар, додека клиентите се на патување во странство. Се склучува во рамки на индивидуалната или семејната полиса за здравствено-патничко осигурување и има можност да се обезбеди онлајн. Цената за Микро осигурување на дом е фиксна и изнесува 182 денари. Микро осигурувањето на дом важи во фиксен период, додека клиентот е на патување во странство, а најмногу до 30 осигурени дена.

 

„Континуирано работиме на креирање производи, кои што нудат поврзани услуги и одлично корисничко искуство, водени од потребите, што ги препознаваме на пазарот. Овој пат се фокусиравме на микро осигурувањето на дом, коешто клиентите можат да го добијат во пакет со здравственото-патничко осигурување, со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и можности на нашите клиенти. Микро дом е исклучително достапен производ, кој што на нашите клиенти им нуди на едноставен начин да го осигурат својот дом во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување и да бидат безбедни додека патуваат во странство“, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

 

Повеќе информации за новиот производ на Триглав, Микро дом, можат да се добијат овде.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag