МИК ЏЕГЕР ЈА ЗАПРОСИ 44 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА ДЕВОЈКА: Познатиот рокер се жени по трет пат, му се роди 8-мото дете – „НЕЈЗЕ ТОА МНОГУ И ЗНАЧИ“

popara3 јули, 20231min00
mik-dzeger-melani-0784891434-min

Мик Џегер и неговата долгогодишна девојка Мелани планираат да се венчаат, а прстенот веќе е на нејзината рака.

Мик Џегер (79) и неговата 44 години помлада девојка Мелани Хемрик наскоро ќе си го кажат судбоносното „да“. Фронтменот на легендарните „Ролинг Стоунс“ е подготвен да се ожени по трет пат, а прстенот на раката на неговата сакана веќе доспеа до медиумите.

Иако до сега само се шпекулираше дека Џегер ја запросил Мелани,потврдата стигна. Нејзините пријатели откриле дека сепак се работи за веренички прстен и дека наскоро ќе се венчаат, пишува „Дејли Мејл“.

„Засега Мик и Мелани не планираа кога ќе биде венчавката и како ќе изгледа, но многу и значи тоа што Мик и даде веренички прстен“, велат пријателите на атрактивната балерина.

Мелани и Мик Џегер се запознале во 2014 година во Токио, на денот кога „Стоунс“ имале концерт. Тие добија син во декември 2016 година, што е осмо дете на рокерот бидејќи има уште седум со пет различни жени. Тој е и дедо и прадедо, бидејќи има пет внуци и една правнука.

Славниот Џегер веќе и купил куќа на Мелани во Њујорк и и дава 15.000 долари месечно за издржување на синот, а двајцата се во „отворена врска“, како што претходно објавија медиумите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma