Милиони жени полудеа по овој шампон: Направете го сами од само 6 состојки

popara17 април, 20231min00
Screenshot_11

Изборот на шампон често е вистински предизвик, мора да го набљудувате типот на косата, да го прочитате составот, да размислите за хемикалиите, а сигурно неколку пати сте згрешиле и сте зажалиле што сте платиле повеќе за некој шампон.

 

Доколку сакате природен начин за нега на убавина, ви носиме рецепт за домашен шампон кој на Youtube го погледнале милион луѓе, а не содржи хемикалии. Направен е од 6 состојки, се користи два пати неделно, а косата ќе стане сјајна, побрзо ќе расте и ќе остане чиста подолго.

 

СОСТОЈКИ:

 

1/2 чаша кокосово млеко (ја храни косата и го стимулира растот)

1/2 чаша кастилски природен течен сапун (природен чистач, без хемикалии)

1 лажица масло од витамин Е (ја враќа структурата на косата и ѝ дава сила и сјај на косата)

1 лажичка тилчец во прав (позитивно делува на коренот на косата и за полесно чешлање)

20 капки есенцијално масло од лаванда

10 капки есенцијално масло од рузмарин (антибактериско, добро за скалпот)

 

Сите состојки истурете ги во кокосовото млеко и убаво измешајте додека не се соединат. Потоа истурете во стаклено шише и протресете за дополнително да се соедини. Важно е шампонот да се протресува пред секоја употреба. Користете го како стандарден шампон, добро втријте во скалпот и исплакнете со топла вода по нанесувањето.

 

Забелешка: Доколку имате премногу чувствителна коса или скалп, консултирајте се со експерт пред да користите природна козметика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma