Ви треба:
2 јајца
100 гр шеќер
100 мл. млеко
50 мл. масло
кора од портокал
150 грама брашно
100 гр суво грозје
1/2 прашок за пециво
Јајцата се матат со шеќер, се додаваат млекото, маслото, кората од портокал или лимонот, брашното и прашокот за пециво. Измешајте сè со миксер.
Намастете го куглофот и посипете го со брашно.
Истурете во куглоф и печете на 180 степени 45 минути. Посипете шеќер во прав.
Уживајте во прекрасната миризлива торта!