Актерката Мишел Фејер (65) се приклучи на движењето на познатите жени кои ја слават природната убавина објавувајќи селфи фотографија на која е целосно без шминка.
Холивудската актерка Мишел Фајфер е многу активна на социјалните мрежи. Неодамна на Инстаграм објави селфи на кое е сосема природна.
На фотографијата актерката ја покажа својата бујна руса коса и лице кое воопшто не го разубавила со шминка. Носи дуксер, а позира во опуштената атмосфера на својот дом зрачејќи со самодоверба.
Убавицата од Калифорнија во 80-тите и 90-тите беше една од најпосакуваните актерки во светот, а до крајот на 90-тите и една од најплатените актерки во Холивуд. Во 2000-тите, таа направи пауза со прифаќање на повремени улоги.
Позната е по улогите во филмовите „Лице со лузна“ од 1983 година, а потоа и во филмовите „Доба на невиноста“, „Еден убав ден“ и „Опасни умови“. За улогата во филмот „Опасни врски“ доби значајна актерска награда „БАФТА“, а за улогите во филмовите „Фантастичните браќа Бејкерс“ и „Поле на љубов“ беше номинирана за Оскар за најдобра главна женска улога.
Мишел објасни дека по успешната кариера одлучила да работи само повремено за да се грижи за своите деца, ќерката Клаудија Роса и синот Џон Хенри, пишува „Foxnews.com“.