Познатата актерка Мишел Фајфер изгледа не старее – објави слика без шминка на 64 години и сите останаа воодушевени колку младо изгледа.Нејзината тајна е едноставна и секоја жена може да ја искористи – без естетска.Познатата холивудска актерка Мишел Фајфер со децении ја воодушевува публиката на големото платно,а и на 64 години изгледа прекрасно како и секогаш. Која е нејзината тајна? Па, можеби е поедноставно отколку што мислите и има врска со нејзиниот природен изглед.
Сите ја знаеме Мишел Фајфер по нејзините неверојатни актерски трансформации,но кога не е во кожата на ликот што го толкува, нејзиниот изглед без шминка открива друга страна на нејзината убавина,автентична и природна.Таа повремено објавува фотографии без шминка на Инстаграм,на големо задоволство на нејзините фанови,оставајќи ја нејзината природна убавина да блесне.Се разбира, луѓето често претпоставуваат дека славните го должат својот младешки изглед на естетските операции и скапите козметички третмани, но рутината за нега на кожата на Мишел Фајфер е многу едноставна, пишува Zadepna.rs.
View this post on Instagram
Нејзиниот вечен шарм започнува со грижата за себе.Актерката добро се храни, редовно вежба и доволно се одмора.Овие здрави навики ја прават да изгледа весело и полно со енергија.Кога станува збор за нега на кожата,таа е љубител на природни производи покажувајќи дека негата на кожата е поважна од шминката.
Актерката има и беспрекорен тен – дури и без шминка,нејзината кожа изгледа мазна и блескава.Нејзиниот став за стареењето е позитивен и инспиративен.Таа отворено ги прифаќа промените кои доаѓаат со годините,препознавајќи ги како природен дел од животот.Нејзината самодоверба ги инспирира луѓето од сите генерации,охрабрувајќи ги да ја прифатат сопствената убавина, вклучувајќи ги и брчките.
View this post on Instagram
Нејзините следбеници под фотографиите велат „Ти навистина не старееш“.
Вечната привлечност на Мишел Фајфер не учи дека самодовербата и позитивноста се едни од најмоќните тајни,пишува Brightside.me.