И овој пат Меси и Антонела предизвикаа воздишки кај сите собрани во главниот град на Франција.Вечерашната вечер во Париз беше важна вечер за сите љубители на фудбалот и за оние на кои овој спорт им е животна определба.
Сите нетрпеливо ја чекаат наградата на Златната топка за најдобар играч на светот за минатата година.
Во француската престолнина во текот на вчерашниот ден пристигнаа голем број познати спортисти,меѓу кои и Новак Ѓоковиќ,а се чини дека сите очи овој пат беа вперени во никој друг туку во Лионел Меси.
На црвениот тепих позираше со семејството, сопругата Антонела и трите сина.
Се очекуваше суперѕвездата на Интер Мајами да ги победи Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе за главната награда,откако минатата година ја предводеше Аргентина до славата на Светското првенство.
Меси и неговото семејство блескаа заедно,совршено модерно координирани.
И додека Меси беше во класичен црн костум,кој го комбинираше со бела кошула и црна машна,Антонела како и секогаш беше елегантна и префинета,па многумина не можеа да го тргнат погледот од неа.
Како и многу пати досега,Антонела облече тесен црн фустан,кој ја истакна нејзината половина и ја правеше да изгледа како да излегла од бајка.А и нивните деца не беа помалку елегантни бидејќи позираа покрај своите познати родители.