Сите очи беа вперени во авторката на хитот „Diamonds“ кога по вечерата во ресторан во Њујорк се упати кон автомобилот облечена во врвни модни парчиња за студените месеци.Покрај темно сивиот капут со потписот на брендот Dries Van Noten,кој се истакна по макси должината и предимензионираниот крој,Ријана носеше и пар црни високи потпетици Balenciaga.
Основачката на брендот за убавина Fenty Beauty го украси својот софистициран изглед со дијамантски ѓердан и голема црвена чанта што ја носеше под левата рака.
Нејзината брановидна коса каскадно се спушташе по нејзините рамења во лабави кафени бранови,а сјајниот кафеав сјај за усни и бронзерот ѝ дадоа примамлив исончан сјај.
Инаку,на моден план,со наближувањето на студената сезона,фокусот се префрла на удобни и топли парчиња,пред се палта. Оваа сезона во фокусот се моделите со дезен од шевронен,а многу популарни се и оние во сиви нијанси.Имено,оваа есен и зима,нијансата која беше позната како „најдосадна“ стана апсолутен хит.