Кендал Џенер во петокот присуствуваше на Модната недела во Милано, каде од првиот ред можеше да ги види најновите креации кои ќе ја претставуваат модата за следниот период, седејќи до познатата Ана Винтур.
Манекенката го украде шоуто во малку пократко беж палто кое ги покажуваше нејзините затегнати нозе. Едноставноста на беж бојата Кендал ја збогати со бордо мокасини со малипотпетици и помала чанта во истата нијанса што ја носеше на рамо.
Згодната бринета делумно ја повлече косата во опавче, а неколку прамени и паѓаа од двете страни на лицето.
Судејќи според изборот на гардероба на Кендал Џенер, време е да ги подготвите беж есенските капути и мантили, како и да го комплетирате стилот со бордо детали.