Не сакаат да носат високи потпетици за да не бидат премногу високи во споредба со нивните ниски пријателки, имаат голем број стапала и им требаат долги фармерки поради долгите нозе. Иако денес се почесто девојките се високи, тие сепак се чувствуваат чудно. Но зошто? Да се биде висок е одлична работа! Можете да стигнете до нешто од највисоките полици, на концерт може да ја видите сцената од која било висина… Само поради некои мали, но важни работи, треба да ја цените таа висина. Колку само ниските девојки посакуваат да бидат повисоки, нели?
Еве девет модни совети како да ја истакнете висината, но и убавината.
1. Не се откажувајте од високите потпетици
Претежно високите жени се „плашат“ од високи потпетици. Нема потреба! Зошто да се откажете од нешто што додава посебна нота на вашиот стајлинг и ви дава шик изглед? Високите потпетици прават да изгледате послабо и посамоуверено, а ако сте со прекумерна тежина, потпетиците можат да ви одземат неколку килограми.
2. Користете големи модни додатоци
Прво се во тренд, а второ им изгледаат многу убаво на високите девојки. Можете лесно да ги комбинирате со панталони, фармерки и фустани. Широк појас ќе ја нагласи вашата половина, а големата нараквица ќе го комплетира изгледот, без разлика дали сте отишле на плажа или навечер во град. Единственото нешто на што треба да внимавате е да немате премногу додатоци.
3. Слободно покажете го вашето тело!
Секако, не треба да откривате премногу, но не е на одмет да откриете малку грб, нозе или стомак. Ако носите панталони, комбинирајте ги со горен дел без грб. Ако носите целосна маичка, не двоумете се да облечете мини здолниште.
4. Откријте го вратот
По некое „правило“, високите жени имаат долг и убав врат, а зошто да не го покажат? Истакнете го со помош на убаво ланче, големи обетки или интересна фризура. Подлабоко деколте? Целосен хит. Не кријте нешто што е предност на вашата фигура.
5. Комбинирајте тесно со широко
Стилистите им препорачуваат на високите жени да ја нагласат облеката која се разликува по крој. Широките панталони изгледаат многу добро со тесни маици, блузи и јакни.
6. Светли бои
Светлите бои го покажуваат вашиот позитивен став и расположение, а привлекуваат и внимание. Секако, не треба да се облекувате во стилот „сите бои ми стојат убаво“, туку убаво да ги комбинирате боите. На пример, со мал црн фустан, црвените салонки би изгледале одлично, или со кафена јакна, тиркизно ланче. На вас е да одлучите, само не претерувајте.
7. Не заборавајте на панталоните
Панталоните изгледаат добро на високите девојки бидејќи ги истакнуваат нивните долги нозе. Мора да имате најмалку два пара – еден широк и еден тесен.
8. Носете долги здолништа
Слободно можете да носите здолништа до подот бидејќи одлично им стојат на високите жени. Со здолништето можете да искомбинирате краток топ или обична маичка што ќе ја ставите во неа, со цел да го истакнете струкот. Можете да носите и плисирани здолништа, кои не се препорачуваат за жени со ниска и средна висина.
9. Играјте си со фризури
Речиси сите фризури одговараат на високи девојки! Кратки фризури, долги, со локни или прави… Најважно е да најдете фризура која ќе одговара на вашиот изглед.