Исклучително се барани поради ширењето на трендот на пролетна детоксикација и слабеење, а зборуваме за плодовите на стар вид палми што расте во топлите и влажни предели на амазонските шуми. Асаи бобинките се разликуваат од другите овошја по нивната голема количина на протеини, што не е карактеристично за овошјето.
Благодарение на високите диететски влакна, фитостероли, амино киселини и мононезаситени масни киселини, бобинките асаи го промовираат здравјето на кардиоваскуларниот и дигестивниот систем. Составот на нивните масни киселини е сличен на составот на маслиновото масло. Олеинската киселина со омега-3 масни киселини ја стимулира активноста на хормоните и невротрансмитерите и ја зголемува чувствителноста на рецепторите на инсулин, со што го спречува развојот на дијабетес тип 2 и воспаление во телото.
Антоцијаните, кои ги има во изобилство во црното грозје, се моќни антиоксиданси кои ја зголемуваат отпорноста на организмот на болести, го подобруваат здравјето на срцето и циркулаторниот систем и штитат од дегенеративни болести и рак. Студијата во Флорида покажа дека асаи бобинките можат да го забават развојот на леукемија и рак на дебелото црево. Истражувањата врз животни покажуваат дека редовното консумирање на овие бобинки ги проширува крвните садови, а со тоа придонесува за намалување на крвниот притисок.
Ова овошје содржи витамини Е, Ц, Б1, Б2, Б3 и минерали како што се железо, калиум, фосфор и калциум. Исто така, постојат голем број корисни фитохемикалии – фенолни киселини, антоцијани, проантоцијанидини и други флавоноиди, олеинска киселина, бета-ситостерол и влакна.