Можеби цело време погрешно сте го чувале компирот – еве како да го одржите свеж подолго време!

popara22 септември, 20231min00

Компирите се многу корисна состојка во кујната. Можеме да го „претвориме“ во чипс, пире, печени компири и многу други вкусни креации.

Без разлика дали ја игра главната улога во јадење или е само спореден играч, скромниот компир е секогаш добредојден додаток на многу оброци. Сепак, колку и да се разноврсни компирите, овој зеленчук има рок на траење, а стапката на расипување зависи од тоа како ги чувате.

Можеби сте слушнале дека компирот не треба да се чува во фрижидер, но најновото истражување сугерира поинаку, пишува Daily Record.

Поради загриженоста дека складирањето компири во фрижидер може да поттикне формирање на дополнителни шеќери во компирот, кои потоа се претвораат во акриламид – супстанца поврзана со ризикот од рак кога се готви – овој пристап извесно време се сметаше за потенцијален здравствен ризик.

Но, една неодамнешна студија на Комитетот за токсичност на хемикалиите во храната, производите за широка потрошувачка и животната средина (COT) покажа поинаку. Имено, истражувањата покажале дека фрижидерот е всушност најдоброто место за складирање на компири.

Пред да ги ставите компирите во фиоката во фрижидерот, има два важни чекори за да се обезбеди максимална свежина. Влагата го забрзува расипувањето на компирот, па затоа најдобро е да ги оставите неизмиени додека не сте подготвени да ги користите.

Силвија Андерсон, експерт за безбедност на храна, советува: „Влагата може да предизвика гниење на компирот, па затоа е неопходно да се одржуваат суви. Избришете ја нечистотијата пред да ги складирате и избегнувајте да ги миете додека не сте подготвени да ги користите“.

Друг корисен совет е да ги чувате компирите подалеку од одредени видови храна за да го продолжите нивниот рок на траење. Силвија додава: „Чувајте ги компирите подалеку од кромид, јаболка и некои други производи чувствителни на етилен за да го продолжите нивниот рок на траење“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag