Важно е да внимавате на секој детал
Секојдневно на интернет може да се најдат неколку интересни криенкi и оптички илузии, но кога ќе се појави нешто што конкретно го активира нашиот мозок, тоа многу брзо станува вирално.
Криенката што ги полуде корисниците на Интернет е пред вас, па затоа ве советуваме да се вооружите со трпение.
Имено, на црно-белата илустрација се нацртани згради и на прв поглед ништо не изгледа чудно. Но, ако мислите така, мораме да ви кажеме дека грешите, бидејќи на илустрацијата има животно.
Да, добро прочитавте. Авторот на криенката се потрудил да сокрие мачка во морето од згради.
Моменталниот рекорд е 10 секунди, а вие дадете сѐ од себе да го соборите.
Дали успеавте да ја најдете?
Доколку не сте, ќе ви откриеме дека мачката е на левата страна на илустрацијата. Дали успеавте да ја забележите сега?
Ако сè уште не можете да ја видите, погледнете го решението подолу.