Мозочен удар: Причина, симптоми и како точно изгледа третманот ако ве погоди?

popara8 февруари, 20231min00
Screenshot_1

Денес ќе се осврнеме повеќе на мозочниот удар. Тој се случува кога дотокот на крв богата со хранливи материи и кислород до мозочното ткиво одеднаш запира, мозочните ќелии почнуваат да изумираат, па можни се трајни оштетувања на овој орган. Имајќи ја превид ,,координирачката” улога на мозокот, евентуалниот мозочен удар може да има импликации врз речиси секојдел од телото.

 

 

 

Постојат два типа на мозочен удар: исхемичен, кога некакво згрутчување на крвта ќе го блокира протокот на оксигенираната крв до мозокот и хеморагичен, кога слаб крвен сад ќе ,,прсне” и ќе предизвика крварење во мозокот.

 

Зошто е важно да реагираме брзо?

 

Брзата реакција е од особена важност и може да направи голема разлика во однос на исходот од мозочниот удар. Релевантните институции велат дека добивањето на итна помош во првиот час по мозочниот удар може да превенира од долгорочни последици ( на пример од парализа) и смртен исход.

 

Според статистиките, луѓето кои примаат соодветна терапија за исхемичниот мозочен удар во првите неколку часа по ударот, имаат најголеми шанси за избегнување на некакви тешки последици. Во одредени ситуации на мозочен удар, може да биде неопходен и оперативен зафат.

 

Соодветната едуцираност, односно способноста да се препознаат знаците и специфичните симптоми на мозочниот удар можат да направат разлика голема колку разликата помеѓу животот и смртта.

 

 

Кои се тие специфични знаци и симптоми?

 

Нагло чувство на слабост

 

Наглото чувство на слабост во нозете, рацете или лицето се типичен знак на мозочен удар, особено ако таа се јавува само на едната страна од телото.

 

Збунетост

 

Мозочниот удар може да создаде акутно чувство на збунетост. На пример, ако работите на компјутер или имате разговор, може да почувствувате тешкотии во зборувањето, мислењето и разбирањето на говорот на другите.

 

Нагли промени во видот

 

Наглото губење на видот или гледањето само со едното око, може да биде исто така симптом на мозочен удар. Можни се и дупло гледање, заматување или целосно губење на видот.

 

Нагло губење на балансот

 

При мозочниот удар, можно е нагло губење на балансот при одење и целосно губење на чувството за позиционираност во просторот.

 

Нагло чувство на главоболка

 

Ако одеднаш се развие остра болка во главата, без никаква очигледна причина, тоа може да е уште еден знак за мозочен удар. Оваа болка при мозочен удар најчесто е пропратена и со зуење и потреба за повраќање.

 

Истите симптоми се можни ако страдате од мигрена (како и оние со видот), па неретко е тешко е да се издвојат како симптоми на мозочниот удар. Ако се сомневате дека се работи удар, веднаш побарајте помош, бидејќи секоја секунда може да биде бесценета.

 

Брза акција по споменатите симптоми

 

Ако имате мозочен удар, можно е да почувствувате еден или повеќе од претходно наведените симптоми. Иако специфичните симптоми можат лесно да се препознаат, многу често луѓето не сфаќаат дека имаат сериозен проблем, сè додека не е веќе предоцна.

 

Симптомите на мозочниот удар можат да се развиваат доста долго, па некогаш и со денови. Ако имате т.н. ,,миниудар”, симптомите можат да бидат само привремени и вообичаено се повлекуваат за некој час. Во овој случај, луѓето можат да ги ,,препишат” укажувачките знаци на ударот на стресот, мигрената или некакви проблеми со нервниот систем.

 

Било какви симптоми кои можеби укажуваат на мозочен удар, имаат итна потреба од консултирање со соодветно медицинско лице. Ако реагирате навремено, односно добиете соодветен третман неколку часа по ударот (медикаменти за растворање на создаденото згрутчување од крв), ќе овозможите (брзо) повторно хранливата и оксигенирана крв повторно да стигне до мозокот. Брзата реакција значително ги зголемува шансите за целосно опоравување. Дополнително, го намалува степенот на инвалидитет кој често знае да се јави како резултат на ударот. Со ова не само што го спасувате животот, туку ги зголемувате и шансите за подобар квалитет на живот по евентуалниот удар.

 

Едноставен тест во 4 чекори кој може да ви помогне да идентификувате мозочен удар кај вас или кај некој друг

 

Овој едноставен тест може да помогне да спасите живот!

 

Обрнете внимание на:

 

  • Лицето – Побарајте од човекот за кој се сомневате дека доживеал удар да се насмее. Ако едната страна од лицето ,,паѓа”, веројатно се работи за мозочен удар.

 

  • Рацете – Побарајте од лицето за кое се сомневате дека доживеало удар да ги крене

рацете. Обрнете внимание дали рацете се еднакво кренати и дали едната можеби опаѓа.

 

  • Говорот – Внимавајте дали лицето говори правилно и побарајте да повтори неколку пати една иста фраза.

 

  • Времето – На крајот, секогаш во предвид имајте го времето, односно гледајте во сите претходни постапки да не трошите премногу време. Ако имате и најмал сомнеж дека се работи за удар, веднаш повикајте итна помош.

 

 

Кои се ризик-фактори за мозочен удар?

 

Секој поединец може да добие мозочен удар, но некои луѓе се во значително поголем ризик. Знаењето дека сте во одредена ризична група, може многу да ви помогне за да бидете повнимателни.

 

Ризик-факторите се делат во 3 групи

 

  • Одредени заболувања или состојби (висок холестерол, крвен притисок, одредени срцеви заболувања, дијабет, одредени нарушувања на еритроцитите итн.)

 

  • Лош животен стил (нездрава исхрана, гојазност, пушење, физичка неактивност, прекумерна употреба на алкохол)

 

  • Останати ризик фактори (генетска склоност, возраст над 55 години, женски пол, одредна националност)

 

Некои од споменатите фактор се надвор од наша контрола, како што се годините и генетиката, но на поголемиот дел можеме да влијаеме преку применувањето на она што значи здрав начин на живот – Здрава исхрана, редовна физичка активност, соодветно менаџирање со стресот, добра хигиена на сон, непушење, избегнување алкохол итн.

 

Ако знаете дека сте во одредена ризик група, правете почести превентивни прегледи на параметрите за срцевото здравје – липиден профил, крвен притисок итн.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma