Раперот Асап Роки, момчето на глобално популарната пејачка Ријана, се најде во центарот на скандал поради неговото однесување на Мет Галата во музејот Метрополитен, во Њујорк.
Социјалните мрежи беа преплавени со видео на кое се гледа како Асап прескокнува преку ограда со качулка на главата и се мачи со обожавателите за да стигне до црвениот тепих.
Додека се обидувал да протурка низ толпата, тој се потпрел на рамото на една девојка од публиката, случајно туркајќи и ги очилата од главата.
– Асап Роки буквално ме прескокна – напиша девојката и објави фотографија која набрзо стана вирална.
Раперот потоа јавно и се извини на обожавателката, која претходно ја навреди:
– Моја вина, душо – напиша раперот и се обиде да ја ублажи ситуацијата.