Моника Белучи се преполови: На најновите фотографии изгледа како да не е истата жена, сите се прашуваат дали новото момче е „виновно“ за оваа трансформација (ФОТО)

popara24 август, 20231min00
Screenshot_2

Моника Белучи ја краси септемвриската насловна страна на шпанското издание на магазинот „Harper’s Bazaar“, а италијанската дива на новите фотографии го одзема здивот.

 

 

 

 

Таа ја покажала својата витка фигура, послаба од кога и да е, низ неколку елегантни комбинации. Позирала во гламурозен, црн фустан со тул, а потоа и во мрежест комбинезон над кој носела долг капут.

 

Белучи во септември ќе наполни 59 години, но и натаму плени со својата харизма и грациозност, а дефинитивно и денес е една од најубавите жени на светот.

 

КАКО ИЗГЛЕДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

Да ве потсетиме, таа во јуни годинава ги потврди шпeкулациите дека е во врска со популарниот режисер Тим Бартон, а во новото интервју кратко се осврнала на својата љубовна приказна.

 

„Во Тим најдов прекрасен дух. Запознав спектакуларна душа“, коментирала Моника.

 

Инаку, Моника и славниот Американец со месеци се забавувале во тајност, пред во јавноста да ја обелоденат својата романса.

 

„Она што можам да го кажам е дека ми е мило што го запознав човекот за себе. Тоа е една од оние средби кои се случуваат ретко во животот. Го знам човекот, го сакам, а сега ќе се остварам и во улогата на режисер покрај него, така што започнува уште една авантура“, изјавила таа за француски „Elle“.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

Зборувајќи за неговата работа, таа изјавила дека многу го почитува ликот и делото на Бартон.

 

„Го сакам светот на соништата каде чудовиштата се љубезни, како да можеме да ги претвориме своите мрачни делови во нешто светло. Филмовите на Тим Бартон сведочат за тоа“, објаснила Моника.

 

Моника и Тим првпат се запознале пред 16 години, но парот почнал да се забавува во октомври 2022 година откако повторно се сретнале на филмскиот фестивал „Lumiere“ во Лондон.

Да ве потсетиме, пред Бартон Моника долго време беше во врска со 18 години помладиот уметник Никола Лефевре, а до 2013 година беше во брак со актерот Венсан Касел со којшто ги има ќерките Дева (18) и Леони (13).

 

Моника во интервју за „Harper’s Bazaar“ истакнала дека славата е меч со две острици и дека се труди голем дел од својот приватен живот да го задржи за себе.

 

„Славата е меч со две острици, предизвикува многу љубопитност и исто така доведува до измешани чувства. Кога не работам, сакам да водам нормален живот, одам во супермаркет, ги носам ќерките на училиште…“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma