Моника од серијата „Пријатели“ изгледа непрепознатливо: Актерката претерала со ПЛАСТИЧНИТЕ операции (ФОТО)

popara7 февруари, 20231min00
02fe766c287270996cef52e3336e542ef0ba8d99

Кортни Кокс важеше за вистинска убавица, но од неодамна е мета на негативни коментари

Кортни Кокс, која се прослави со улогата на Моника во серијата „Пријатели“, собра многу симпатии ширум светот, како со нејзината глума, така и со прекрасниот изглед.

Сепак, актерката се најде на удар на критики поради својот изглед, бидејќи многумина веруваат дека претерала со пластичните операции.

Таа дури во една прилика изјави дека се кае за многу работи што ги направила и сфатила дека треба да престане.

– Во еден момент мислиш дека работиш на себе, а потоа гледаш фотографија и првото нешто што го помислуваш е – ова е хорор! Се каам за многу работи што сум ги направила. Добро е што навреме сфатив дека треба да престанам – искрено призна таа.

Нагласи дека сега е природна колку што може да биде и дека се надева дека ќе личи повеќе на себе отколку порано.

– Побарав да ме вратат на старо. Сега сум природна колку што можам. Се чувствувам подобро затоа што изгледам како вистинската јас. Повеќе личам на личноста што бев порано, барем се надевам – изјави еднаш актерката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma