МОРАА ДА МЕ ОДВЛЕЧАТ НА СОПСТВЕНАТА СВАДБА! Селма Хајек откри дека имала страв од брак – сопругот ја запросил 3 пати!

popara10 февруари, 20231min00
628279_selma234_f

Актерката Селма Хајек била однесена од нејзините родители и брат на сопствената свадба.

Таа е мажена за францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино, кој, како што објаснила актерката во едно интервју, морал навистина напорно да работи за да ја доведе до матичарот.

Всушност, Селма имала голем страв и одбивност кон бракот.

– Се срамам да кажам колку пати ме побара да се омажам за него – три пати. И наместо да замине, тој остана и беше упорен – рекла Селма и открила дека всушност не ни знаела дека тој ден ќе се мажи.

-Тоа беше како интервенција. Само ме одвлекоа до матичар. Моите родители, брат ми сите скокнаа врз мене – рекла Селма.

Кога дознала што се случува, била преплашена, но не можела да одбие.

– После тоа се беше во ред. Не се чувствував поинаку, дури беше возбудливо. Прашав дали сега можеме да одиме на забава – открила актерката.

Два месеци подоцна, тие направиле церемонија за семејството и пријателите во Венеција, каде што се запознале во 2006 година.

– Кога станува збор за годишнини, тие се многу забавни. Знам да готвам, па му се допаѓа кога готвам, но правам изненадување, нешто различно, како декорација на пример. Или тој ме носи некаде, или крие подароци – додала Селма, пренесува „BestLife“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma