„Мојот син е здрав, само има голем мозок“: Парис Хилтон им одбруси на оние кои го исмеваа изгледот на нејзиниот син

popara24 октомври, 20234min00
65314_profimedia-0814908345_f

Парис Хилтон им одговори на хејтерите кои на неодамна објавените фотографии го коментираа изгледот на нејзиниот син Феникс. Имено, голем број луѓе негативно ја коментираа нејзината фотографија со синот: „Ова е најгрдото дете што сум го видел“, „Твоето бебе изгледа како вонземјанин“, „Мислам дека не е паметна идеја што го објави“, „Дали сте сигурни дека ова е вашето дете?“, се само дел од навредите.

„Има некои болни луѓе на овој свет. Мојот ангел е совршено здрав. И да, секако дека бил на лекар, едноставно има голем мозок“, напиша таа на TikTok. „Половина од коментарите се луѓе кои се воздржуваат од објавување фотографии од своите деца. Срамота“, „Болно е да се види човечката беда, ова дете е мало ангелче со медицински проблем кој сигурен сум дека мајка му го ставила во рацете на вистински лекари. Тука единственото нешто што прават е потсмев и погрдни коментари не се на место; немаат ни страв од Бога“.

Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син со помош на сурогат мајка. Ова е прво дете на Парис, додека нејзиниот сопруг Картер Реум веќе има ќерка (10) со ријалити ѕвездата Лаура Беличи. Момчето има девет месеци и неодамна првпат го посети Њујорк со својата мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma