Студените денови се идеални за да почнете да пиете топли чаеви, особено миризливиот чај од цимет. Покрај прекрасниот вкус, има и многу научно докажани здравствени придобивки од овој чај, пишува „Healthline“.
Диететичарите нагласуваат дека редовното консумирање чај од цимет придонесува за побрзо и полесно слабеење, односно согорување на калориите. Причината е што циметот содржи големи количества на антиоксиданси кои освен што го поттикнуваат слабеењето, го штитат организмот од многу болести како дијабетес, рак и срцеви заболувања.
Чајот од цимет го зајакнува и имунитетот и не штити од потенцијални болести и вируси. Како што нагласуваат диететичарите, циметот има силно антивоспалително дејство, а благодарение на тоа позитивно делува и на зајакнување на имунитетот. Исто така, овој мирисен пијалок докажано помага да се смири желудникот и да се ублажат дигестивните проблеми и менструалните грчеви.
Направете го тоа така што ќе ставите една кафена лажичка цимет во прав во шолја зовриена вода (250 ml) и измешајте. Или држете едно стапче цимет во врела вода 15 минути.