СО ПОМОШ НА овие трикови, вашата кожа ќе остане целосно чиста.
Сапун
Намачкајте малку обичен сапун за раце, па втријте го на обоените места околу главата, односно на челото, вратот и околу ушите. Откако ќе се нанесе, добро истријте го сапунот со прстите и почекајте. Овој чекор е важен: треба да почекате неколку минути за сапунот да делува.
После тоа, доволно е да се исплакне со млака вода. Ова може да се направи со тупфер или памук, а може да се направи и со прстите. Ако има останато боја, нанесете уште малку сапун и оставете го да отстои додека не ја измиете бојата од кожата.
Течност за миење садови
Течноста за миење садови е многу ефикасна за отстранување на дамки, па може да ни помогне и во оваа ситуација, кога ја отстрануваме бојата за коса од кожата. Кога станува збор за лицето, ова не го препорачуваме. Кога проблем се дамките на вашите раце, тогаш посегнете по ова решение.
Со средството за садови за да ги измиете највалканите делови од кожата, малку протријте, а потоа исплакнете со вода. Кожата ќе остане речиси целосно чиста.
Паста за заби
Пастата за заби е универзално средство кое се користи за бројни намени, а една од нив е отстранување на бојата за коса од кожата.
Пастата за заби има пријатен мирис и не ја иритира кожата, нема опасност од неа бидејќи се нанесува на слузокожата, внатре во устата. Количината на паста за заби која е пропорционална на дамките што сме ги направиле, треба да се нанесе на дамките, со малку вода. Всушност, пастата малку се навлажнува, за да има пена.
Добро би било да отстои неколку минути, а потоа да се измие со млака вода. По ова, кожата ќе остане чиста.