Минатонеделното откритие на снимка од еден од раните концерти на британскиот бенд Битлси во 1963 година во приватно училиште во Бакингемшир, предизвика возбуда кај музичките експерти и обожавателите.
Сега снимката стара 60 години ќе биде обновена и достапна за слушање, според Самира Ахмед, новинарката на Би-Би-Си која ја објави приказната.
Поранешниот студент кој ја снимил лентата, Џон Блумфилд, се надева дека со помош на модерната технологија ќе може да се подобри квалитетот на звукот.
– Во тек се дискусии како лентата да се исчисти и да стане дел од националната културна установа. Џон смета дека тоа не треба да заврши во приватна сопственост на поединец – изјави Ахмед за лондонски „Обсервер“.
На 15-годишна возраст, Блумфилд бил сценски менаџер на концертот во училишната сала во селото Стоу на 4 април, пред 60 години, кога поставил микрофон пред сцената, но бидејќи квалитетот на снимката бил сиромашен, ја ставил лентата во архивата и ја чувал до сега, додека, во меѓувреме, популарноста на бендот од Ливерпул растела.
Највпечатливо од откритијата на снимката, која за прв пат е целосно откриена, е листата на песни.
Детали како овие фрлаат ново светло на музичкиот напредок на бендот на врвот на нивната слава.
На списокот на песни имало и некои американски ритам и блуз песни, кои во тоа време ги вежбале младите членови на бендот.