Еден од најголемите холивудски заводници, Антонио Бандерас, синоќа блескал на доделувањето на Оскарите со девојката Никол Кимпел.
Како и вообичаено, големо внимание во јавноста привлекле фустаните на познатите личности на тепихот…
Модно промашување речиси и да немало, а севкупно може да се каже дека годинава дамите претежно биле инспирирани од гламурот на Холивуд.
Еден од презентерите на доделувањето на Оскарите бил и Антонио Бандерас (62) кој на доделувањето на Оскарите пристигнал со девојката Никол Кимпел (42) која со своето присуство внела холивудски гламур и целосно воодушевила со својата појава.
Актерот изгледал феноменално во црниот смокинг, а неговата долгогодишна девојка воодушевила со монохроматското издание.
Таа за оваа прилика избрала да носи комплет којшто се состои од кроп маица и панталони, а фокусот на целата комбинација е на масивната наметка која се протегала до подот.
Целата оваа комбинација го истакнала деколтето и стомачните, а шик пунџата со пуштени прамени го истакнала нејзиното лице.
Која е убавицата која го освоила срцето на Антонио Бандерас?
Никол и Антонио се во врска од 2014 година, а се запознале истата година на Филмскиот фестивал во Кан.
Да ве потсетиме, Антонио беше во брак со Мелани Грифит и тоа 19 години со која ја има и ќерката Стела.
Тој често зборувал дека неговата поранешна сопруга е и негов најдобар пријател, па неретко поминуваат време заедно.
Меѓутоа, во последните 9 години неговото срце му припаѓа на Никол која е 20 години помлада од него. Таа е консултантка за инвестиции со германско-холандско потекло. Зборува пет јазици, а покрај германски и холандски течно зборува и француски, шпански и англиски јазик.
Таа има и сестра близначка – Барбара.
Антонио и Никол ретко се одвојуваат, па така речиси на сите јавни случувања се појавуваат заедно.
Како што Антонио во една прилика признал, Никол, му го спасила животот кога во 2017 година имал симптоми на срцев удар.
Таа во вистински момент се нашла покрај него и брзо реагирала давајќи му аспирин, а како што вели актерот токму тоа го спасило од смрт.