Холивудската актерка и поранешна сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, е фотографирана како у помага на бездомник.
Според Пејџ сикс, фотографите ја снимиле Џенифер Гарнер на паркинг на плажата Санта Моника кога го отворила прозорецот од автомобилот и почнала да комуницира со бездомникот кој бил во инвалидска количка. Актерката потоа излегла од автомобилот и му подала најлонска кеса во која имало неопходни работи за него.
Во одреден момент Гарнер забележала дека мажот е бос, седнала пред него и почнала да ги става нејзините чорапи на неговите нозе. Актерката потоа ги соблекла сопствените патики и се обидела да ги облече на мажот, но тие биле премали за него.
Тогаш ѕвездата им пришла на папараците кои ја снимале и ги замолила да ѝ ги продадат чевлите што ги носат.
„Као број на чевли носиш? Може ли да да ги купам твоите чевли? Му требаат чевли“, прашала таа еден од папараците.
Jennifer Garner offers homeless man her own shoes, puts socks on his feet https://t.co/bdzqQbzLVL pic.twitter.com/mVgiAaUssB
— Page Six (@PageSix) September 18, 2023
Фотографот ја прашал кој број чевли му требаат на човекот, на што Гарнер одговорила: „10 и пол“.
„Ох, јас носам број 11! Сакаш да му ги дадам? И не треба да ми плаќаш ништо“, рекол фотографот.
Додека Џенифер Гарнер му ги ставала црните патики на стапалата на бездомникот, еден од фотографите донел ќебе од својот автомобил и му го дал на човекот.