Навики кои треба да ги прифатите: Чекори во негата на лицето кои ќе ја подмладат вашата кожа

popara8 февруари, 20231min00
Screenshot_7

Рецептот за совршена кожа лежи во едноставните навики за нега на кожата

 

 

 

До средината на дваесеттите години, не ни паѓа на памет да размислуваме за брчки, за нега на кожата или за одредена рутина за нега на кожата што треба постојано да ја одржуваме.

 

Но како што се наближуваме кон 30-тите години, негата на кожата станува се’ поважна, доколку сакаме постојано да имаме свеж и блескав изглед. Важно е да се напомене дека секоја кожа има свои барања, но некои работи се универзални. Токму нив, ги споделуваме со вас.

 

Носете заштитен фактор цела година – потребно е да бидете свесни колку е важно да се заштити кожата од УВ зрачењето во секоја сезона, од здравствени, а потоа и естетски причини.

 

Извадете ја шминката пред спиење – ова правило е всушност многу јасно. Не смеете да го прескокнете отстранувањето на шминката, без оглед колку сте уморни. Покрај пребрзо стареење на кожата, остатоците од шминка затнуваат пори и предизвикуваат реакции на лицето.

 

Не претерувајте со премногу чекори во рутината – само затоа што некој користи 8 чекори во рутината, не мора да значи дека и вам ќе ви одговараат истите. Пронајдете ги состојките што ви одговараат и научете да ги комбинирате.

 

Не претерувајте со силни активни состојки и киселини – вклучително и премногу активни состојки кои не одат заедно. Тоа може да има само негативен ефект на кожата.

 

Одете кај козметичар за чистење на лицето најмалку 3 пати годишно – иако се чини дека може да нема што да се исчисти, верувајте ни, особено ако имате мрсна или комбинирана кожа, секогаш има материјал за чистење. И штом професионалец добро ја исчисти вашата кожа и производите што ги користите подобро ќе се апсорбираат во вашата кожа.

 

Не допирајте го лицето со валкани раце – сосема логично, пренесувате бактерии кои навлегуваат во порите.

 

Пијте вода и спијте доволно – во спротивно, многу брзо ќе ги забележите првите знаци на дехидрираност и замор на кожата.

 

Бидете доследни – не се откажувајте од вашата рутина. Мора да користите одредени производи до шест месеци за да ги видите првите резултати, додека за некои ќе ви треба само еден месец.

 

Помалку е повеќе – дури и ако не знаете што да правите, држете се до два основни чекори – чистење и хидратација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma