
Ако имате чести проблеми со прекумерно потење или болки во стомакот, проверете да не се работи за заболување на црниот дроб.
Доколку црниот дроб не функционира правилно, тоа може да има опасни последици по нашето здравје. Причината за тоа е што црниот дроб всушност е задолжен за чистење на токсините од телото, за регулирање на нивото на шеќер во крвта, како и за производство на жолчка, па неговите слаби перформанси доведуваат до развој на разни болести.

Затоа е многу важно навреме да се препознаат симптомите на болеста.
Најчестите симптоми на слаба функција на црниот дроб се:
– проблеми со варењето – надуеност, запек или дијареа, придружена со абдоминална болка
– зголемено потење – телото ги исфрла токсините, кои црниот дроб не може да ги процесира
– проблеми со кожата – акни и воспаленија
– чувство на слабост и умор
– проблеми со концентрацијата
– лош здив
– зголемување на телесната тежина, без зголемување на внесот на храна
– болки во зглобовите и мускулите
Кога заболувањето на црниот дроб е во рана фаза, повеќето случаи може да се решат со промени во животниот стил, како што се прекинување на консумирањето алкохол, јадење здрава исхрана и губење на тежината (ако е потребно). Понапредните заболувања на црниот дроб, ракот на црниот дроб или други сериозни компликации ќе бараат операција, како и употреба на одредени лекови и други методи на лекување.