По неодамнешното запросување на дизајнерката Рамона Агрума во Дизниленд, австралиската актерка Ребел Вилсон доби забрана за влез во забавниот парк на еден месец. Изненадувачкиот пресврт се случи поради селфито направено во тајна бања во Дизниленд, што е забрането. Таму има места кои не смеат да се снимаат, а на таа листа е и бањата која не е наменета за сите посетители. На комичарката не ѝ помогнал и фактот што извршниот директор на Дизни, Боб Ајгер, помогнал во организирањето на запросувањето и ѝ дал зелено светло да ја објави бајковитата фотографија од големиот момент, со замокот Дизни во позадина, на социјалните мрежи.
„Морав да добијам посебна дозвола да го украсам тој посебен простор и да ставам виолинист, тоа беше навистина романтично“, објасни таа. Не долго по значајниот потег, следеше шок. Додека гостуваше во телевизиското шоу „The Daily Show“, таа му кажа на водителот Џон Стјуарт што ѝ се случило.
„Официјално ми беше забранет влезот во Дизниленд на 30 дена затоа што се фотографирав во тајна бања во паркот, што е нелегално таму“, рече таа. Но, управата се „смилувала“ и ја оставила да избере кога ќе стапи на сила забраната. Таа одлучи казната да стапи на сила во јуни оваа година, пишува Daily Mail.
Пред селфи инцидентот, комичарката имала луда идеја да се омажи за својата свршеница, со која во ноември минатата година ја доби ќерката Ројс Лилијан, со помош на сурогат мајка, во тој забавен парк. Сега се би можело да се смени бидејќи строгите правила за снимање во паркот би можеле да бидат прекршени поради венчавката. Кој знае каква казна би можела да ја снајде во тој случај: доживотна забрана за влез во паркот?