Еве за која намирница зборуваме
Нема ништо што оваа намирница не може да го исчисти, а најдобра е за бигор.
Се работи за лимонтус.
Лимунтусот го чисти мијалникот
За блескав мијалник направете го следново: посипете го со сода бикарбона, прелијте со содржина од една кесичка лимонтус и исцедете половина лимон. Почекајте неколку минути и нежно исчистете со сунѓерче. Исплакнете со вода.
Лимонтусот ја чисти машината за миење садови
За да ја исчистите машината, истурете ќесичка лимонтус во преградата за таблети и вклучете ја машината на стандардна програма за миење садови. Ќе се изненадите колку ќе бидат сјајни садовите и колку ќе биде чиста машината.
Лимунтусот го чисти лонецот
Често се случува на дното да се фати бигор кој е невозможно да се исчисти со обичен детергент. Затоа, во лонецот сипете 1 литар ладна вода и загрејте ја додека не зоврие, а потоа во зовриената вода додадете 2 кесички лимонтус. Промешајте и оставете ја водата целосно да се излади, околу еден час. После тоа, истурете ја водата и исплакнете го.