Мирисот за време на потењето може да биде крајно непријатен, особено ако на облеката што ја носите се видливи огромни дамки. Најчесто прво се појавуваат под пазувите, но можат да се појават и на други места.
Иако на многумина им е непријатно, тоа е сосема нормална појава и всушност начин вашето тело да ја регулира температурата. Исто така, потта нема свој мирис како што многумина мислат. Само кога ќе дојде во контакт со бактерии на телото, потта добива остар и непријатен мирис.
Доктор Лори Хопер од здравствената организација „The Natural Deodorant Co“ наведува дека потењето игра важна улога во одржувањето на нормалното здравје и им помага на нашите тела да ја регулираат телесната температура и да ги отстранат токсините. Сепак, постојат некои намирници кои го зголемуваат потењето, па доколку сакате да ја намалите оваа појава, намалете ја нивната консумација.
Храната што треба да ја избегнувате се силните зачини како што се кари и чили. Нашето тело реагира на зачинета храна на ист начин како што реагира на високи температури. Овие намирници ве тераат повеќе да се потите за телото да се олади.
Дополнително, д-р Купер наведува дека треба да избегнуваме и кофеин бидејќи го стимулира централниот нервен систем и ги поттикнува надбубрежните жлезди да работат понапорно.