НАМИРНИЦИ КОИ НЕ СЕ ДОБРИ ЗА ЦРНИОТ ДРОБ! Прва на листата е онаа што ја јадеме речиси СЕКОЈ ДЕН

popara3 мај, 20231min00
603075_jetra-virus_f

Нутриционистката Лора Браун зборуваше за здравјето на нашиот црн дроб, но и за храната што треба да ја избегнуваме за да бидеме што е можно поздрави.

Пржената и преработената храна се на врвот на листата на нездрави намирници кога станува збор за црниот дроб.

– Луѓето треба да се држат настрана од повеќето преработени и пржени работи како слатка храна, колачи, газирани пијалоци и овошни сокови. Тоа е затоа што тие ја зголемуваат количината на маснотии во црниот дроб – објаснила Лаура за „Експрес“.

Како што додава, храната со високо ниво на сол го зголемува ризикот од неалкохолни заболувања на црниот дроб.

„Преработената храна го зголемува шеќерот во крвта, што на крајот ја зголемува акумулацијата на маснотии во црниот дроб. За да се намали овој ризик, исто така, треба да се избегнува масно преработено месо со високо ниво на заситени масти.

Лекарите објаснуваат дека заболувањето на замастен црн дроб е тесно поврзано со прекумерната тежина, а таложењето маснотии во црниот дроб е поврзано и со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и проблеми со циркулацијата.

Луѓето со замастен црн дроб исто така имаат значително поголем ризик од развој на рак на црниот дроб. Затоа, балансирана и здрава исхрана базирана на свежа храна е најважна за здрав црн дроб.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma