Светскиот топ модел конечно стави крај на шпекулациите
Познатиот супермодел Наоми (52) го изненади целиот свет со тоа што во мај минатата година објави дека станала мајка. А сега со деветмесечната ќерка го направи првото снимање на насловна страница за британскиот Вог.
Таа во опширно интервју откри дека навистина ужива во мајчинството:
„Таа е добра девојка: добро спие, речиси никогаш не плаче и ми велат дека е доста напредна за нејзината возраст. Сега почнува да мавта, што е забавно. Многу се смее и речиси зборува. Мислам дека ќе прооди пред да почне ползи. А веќе има и 6 заби“, раскажува гордата мама воодушевено за „Vogue“.
Наоми вели дека нејзината ќерка е нејзиниот најголем благослов и најдоброто нешто што го постигнала во животот. На прашањето како стана мајка, Наоми не сакаше да даде конкретен одговор, само накратко: „Не е посвоена – таа е мое дете“. Познатата манекенка не сака ни да го открие името на својата ќерка, а сите детали ги чува за книгата што планира да ја напише, открива Вог.
Таа признава дека отсекогаш знаела дека ќе стане мајка, а разликата во годините меѓу неа и детето не ја смета за голема пречка – затоа што пука од енергија. Иако има повеќе од педесет години, Наоми сè уште работи и чекори по модните писти, често рамо до рамо со многу помлади модели од неа, но иако тоа понекогаш ја вознемирува, таа смета дека некои работи сепак биле подобри во „нејзино време“.
„Мислам дека во мое време беше повесело. Се смеевме. Можевме да ја покажеме нашата личност”.
Првата од нејзините колешки супермодели која ја запозна нејзината ќерка била Синди Крафорд, потоа Криси Тајген, додека Линда Евангелиста допрва треба да се запознае.